Дома Топ вести Нејмар заминува, ПСЖ ја одреди цената

Нејмар заминува, ПСЖ ја одреди цената

Француските медиуми известуваат дека Нејмар донел конечна одлука и сака да го напушти Пари Сент Жермен.

Според последните информации, Бразилецот, кој во моментов е во Бразил заради пандемијата од коронавирус, е подготвен да се врати на „Камп Ноу“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Неговиот поранешен клуб ќе даде се од себе за да го врати и веќе една година работи на трансферот.

ПСЖ овој пат нема да му стои на патот и ја одреди целата за Нејмар, па Барселона за неговиот потпис ќе мора да плати 150 милиони евра.

Меѓутоа, се уште не јасно како ќе се одвива летниот преоден рок и дали цените на фудбалерите ќе паднат поради економската криза предизвиката од пандемијата.

Поради тоа француските медиуми не ја исклучуваат можноста двата клуба да направат трампа, така што во Париз да се пресели Гризман или Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…