Бразил го победи Перу со 2:0 во 10. коло од квалификациите за Светското првенство со што „Кариоките“ стигнаа до осмата победа во исто толку натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Херој на Бразил беше Нејмар кој пред крајот на натпреварот можеше да заработи и црвен картон затоа што го удри противникот.
Најдобриот играч на Бразил запиша асистенција за Рибеиро во 15. минута, а самиот постигна гол во 40. минута.
Сепак, пред крајот на натпреварот при градењето една топка го изнервира агресивниот противник кој го удри со рака. Судијата му покажа жолт картон.