Дома Останати Кошарка НБА Нетси газат, Дончиќ со звукот на сирената го реши Бостон, Јокиќ одново феноменален 🎥

Нетси газат, Дончиќ со звукот на сирената го реши Бостон, Јокиќ одново феноменален 🎥

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа десет натпревари.

Бруклин Нетс проджи да победува и вчера стигнаа до седмиот триумф во низа и повторно без помош на Кевин Дурант. Но и во овој состав со препородениот Харден и стандардно добриот Ирвинг Бруклин изгледа фантастично. Нивна нова жртва беше Сакраменто, Харден одново беше најдобар кај Нетси со 29 поени, 11 скокови и 14 асистении. Одличен беше и Брус Браун кој ја имаше вечерта на кариерата и постигна исто така 29 поени, Ирвинг уфрли 21. Кај Кингси Фокс беше најдобар со 27.

Одличен натпревар одиграат Далас и Бостон. Натпреварот беше изеданечн до самиот крај и двата тима играа одлични, Селтикси имаа шанси да победата, но во клучните моменти топката дојде до Лука Дончиќ. Младиот Словенец го реши натпревар со тројка од 8.5 метри со звукот на сирената за конечни 110:107. Лука мечот го заврши со 21 поени, 10 скокови и 8 асистенции, а го следеше Брунсон со 22. Кај Селтикси Браун постигна 29, Татум еден помалку. Бостон во овој момент е на разочарувачки скор од 15:6.

Уште една фантастична вечер имаше Никола Јокиќ. Во исто така одличен натпревар Денвер славеше против Портланд со 111:106. Српскиот кошаркар го разби Портланд со 41 поен, 5 скокови и 5 асистенции, Мареј додаде 25 поени. Лилард со 25 поени и 13 асистенции беше најефикасен кај Портланд.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Атланата 112:111, Орландо – Детроит 93:105, Бруклин – Сакрмането 127:118, Далас – Бостон 110:107, Њујорк Никси – Голден Стејт 104:114, Торонто – Филаделфија 102:109, Милвоки – Минесота 139:112, Денвер – Портланд 111:106, Клиперси – Вашингтон 135:116.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Феноменалниот Јокиќ ги разби Бакси, пораз на Лејкерси од Феникс 🎥

Никола Јокиќ продолжува со одличните настапи во НБА лигата. Српскиот центар дојде до нов т…