Дома Фудбал Италија Несто повторно ја „запали“ Италија: Палермо бара „бомбардерот“ да биде ослободен од ФФМ!

Несто повторно ја „запали“ Италија: Палермо бара „бомбардерот“ да биде ослободен од ФФМ!

По пауза од четири натпревари, Илија Несторовски повторно стрелаше во дресот на Палермо.

Македонскиот интернационалец беше стрелец на два погодоци во натпреварот против Карпи  кој Палермо го доби со 1:3 во рамките од втората италијанска лига.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После двата постигнати погодоци и победата на Палермо, Несторовски, доби и свое место во еден од најпопуларните италијански весници, „Газета Дело Спорт“.

„Капитенот, земјот, бомбардерот“, беа зборовите со кои „Газета“ го опишуваше Македонецот.

Покрај тоа во анализата се наведува и дека управата на италијанскиот клуб веќе преговарала со ФФМ за Несторовски да не биде во комбинација за пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Норвешка кој ќе се одигра на 11 ноември.

Секако, причината е јасна, Италијанците сакаат експресно враќање во Серија А, а во изедначена лига каква што е Серија Б имаат голема потреба од свеж, Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На повидок голем пресврт со ситуацијата на Влаховиќ во Јувентус!

Сè повеќе индикации од Италија укажуваат дека Душан Влаховиќ сериозно размислува да го про…