Дома Фудбал Останато Несторовски: Хајдук е фаворитот, тетовци не смеат да се отпишат, јас ќе навивам за Ренова

Несторовски: Хајдук е фаворитот, тетовци не смеат да се отпишат, јас ќе навивам за Ренова

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски добро го познава хрватскиот фудбал, пред да замине во Италија Нестор како играч на Интер Запрешиќ беше најдобар стрелец во хрватската ХНЛ. Поради тоа тој за „Спортске Новости“ зборуваше пред натпреварот помеѓу Ренова и Хајдук кој се игра во четврток.

Нестор смета дека победа на Ренова би била добра за целиот македонски фудбал и објасни зошто ќе навива за клубот од Тетово.

„Нормално е да навивам за Ренова, победа би била добра за македонскииот фудбал затоа што ќе се соберат дополнителни бодови. Хајдук е фаворит, а јас ќе навивам Ренова да помине во следната фаза. Ренова е една добра и цврста екипа, но тоа не значи дека Хајдук треба да стравува, внимателни треба да бидат“.

„Сега се игра еден натпревар и еден „залутам куршум“ може да реши се. Како што кажав Ренова е солидна ама Хајдук е фаворитот. Тетовци не смеат да се отпишат и затоа што ќе имаат голема мотивација да победат против еден од најдобрите клубови во Хрватска“, изјави Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Следните два меча се клучни за Зидан

Иднината на Зинедин Зидан во Реал Мадрид зависи од резултатите на следните два меча, тврди…