Вечерва со натпреварот помеѓу Италија и Турција во Рим официјално ќе стартува Европското првенство во фудбал.
На „Олимпико“ е најавена церемонијата на отварањето со светски познати музички ѕвезди. На отварањето ќе се појават Андреа Бочели, Боно, Мартин Гарикс и Еџ. Програмата ќе го носи името „Триумф на Европското првенство“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бочели ќе ја испее аријата од Џакомо Пучини, „Несун Дорма“, а поранешните капитени на Рома и Лацио, Франческо Тоти и Алесандро Неста ќе шутираат топки на трибините симболично да го означат враќањето на навивачите. На трибините се предвидени 16.000 гледачи.