Дома Македонски спорт Непосредно пред првиот „голем залак“ за нашиот интернационалец: Реал стравува од „македонскиот Бекам“

Непосредно пред првиот „голем залак“ за нашиот интернационалец: Реал стравува од „македонскиот Бекам“

Влијателниот шпански спортски весник „Ас“ го спореди нашиот репрезентативец, Енис Барси со големиот Дејвид Бекам.

Во весникот се појави текст со наслов „Енис Барди, новиот Бекам, игра за Леванте“, а објавен е во рамки на најавата за утрешниот меч против Реал во Примера.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ас“ наведува дека Леванте оваа година располага со тајно оружје, фудбалерот со снајперски прецизен удар, кој поддеднакво добро игра со двете нозе и одлично ја контролира топката.

Во претставувањето на Барди се наведува дека се работи за фантастичен играч кој доаѓа од Македонија и кој во тимот од Валенсија пристигна од унгарски Ујпешт.

„По неговото пристигнување во Леванте клубот сега има поголеми амбиции. Барди веќе во предсезоната ги покажа своите можности. Има сопствен стил, а топката во неговите нозе е неверојатно послушна“, напиша Ас, наведувајќи дека досега за својот тим постигна 4 погодоци.

„Со 22 години, Барди е дијамант“, заклучи Ас.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…