Дома Трансфер зона Нема шанси Интер да го донесе Видал во јануари

Нема шанси Интер да го донесе Видал во јануари

Барселона не планира во јануари да се раздели со чилеанскиот играч за врска, Артуро Видал, за кој силен интерес покажува Интер.

Ова го потврди претседателот на Каталонците, Жосеп Бартомеу и тоа пред натпреварот со Интер во Лигата на шампиони.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Видал добива мала минутажа оваа сезона, па медиумите шпекулираа дека сака да се врати во Италија и повторно да соработува со Конте.

„Не очекуваме ниту еден важен фудбалер да не напушти во јануари. Располагаме со балансиран тим, во кој не ни недостасува ништо, но не можеме да дозволиме да изгубиме некого. Неколку пати ни се случило некој фудбалер да побара да биде продаден,но тоа никогаш не се случило во јануари“, изјави Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…