Дома Фудбал Репрезентации Нема финале за Меси и Аргентина, Габриел Хесус и Фирмино ги „решија“ „Гаучосите“ (ВИДЕО)

Нема финале за Меси и Аргентина, Габриел Хесус и Фирмино ги „решија“ „Гаучосите“ (ВИДЕО)

Во полуфиналето на Копа Америка Бразил ја победи Аргентина со 2:0 во Бело Хоризонте, а стрелци за „Кариоките“ беа Габриел Хесус и Роберто Фирмино.

Првата прилика на овој натпревар ја имаше Леонардо Пардес. Тој во 12-тата минута шутира од шеснаесетникот, но топката заврши над голот на Алисон Бекер. Само седум минути подоцна Габриел Хесус ја затресе мрежата на Аргентинеците и тоа после асистенција од Фирмино.

На голот на Хесус му претходеше одличнен пас на Дани Алвес до Фирмино како и дриблинг на десниот бек Бразил.

Нова добра прилика Аргентина имаше во 30-тата минута кога Меси нафрли од слободен удар, а Серхио Агуеро од срцето на казнетиот простор со глава ја погоди пречката. Со резултат 1:0 беше завршено првото полувреме на Бразил.

Натпреварот беше прилично изедначен и во второто полувреме кога првата прилика ја имаше Лаутаро Мартинез. Тој во 50-тата минута го упати првиот удар во рамките од голот на Аргентина, но бразилскиот голман го одбрани тој удар. Фелипе Кутињо после додавањето на Хесус шутираше над гол, а добра прилика набрзо имаше и Лео Меси кој во 57-та минута ја погоди стативата од голот на Алисон.

Во 66-тата минута Аргентина го имаше вториот шут во рамките од голот кога Меси се обиде да погоди од слободен удар, но Алисон „жива“ ја фати оваа топка после ударот на капитенот на „гаучосите“. Само пет минути подоцна пристигна казна за промашувањата на Аргентина кога полуконтра повлече Хесус кој во шеснаеснаесетникот го проигра Фирмино на кого не му беше тешко да донесе предност од 2:0.

Аргентина одигра солиден натпревар во кој имаше повеќе удари кон голот на противникот, но „гаучосите“ не ги искористија своите шанси и два пати ја погодуваа рамката од голот.

Во сабота Аргентинците ќе играат во натпреварот за третото место, додека Бразил во недела (22:00 часот по наше време) ќе го игра натпреварот за шампионска титула на Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Готово: Челзи го договори трансферот на Хакими

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Аштраф Хакими е многу блиску до трансфер во Челзи. „Нер…