Дома Македонски спорт Нема повеќе „Телеком Арена“, Германците го раскинуваат договорот?!

Нема повеќе „Телеком Арена“, Германците го раскинуваат договорот?!

Наводно, македонскиот најголем стадин кој пред две години беше преименуван во „Телеком Арена“, сега ќе го врати своето поранешно име „Филип Втори“, барем додека не се појави нов спонзор.

Како што се пренесува одлуката на „Телеком“ била донесена директно од централата во Германија.  Според последните информации, Германците биле исклучително незадоволни од тоа каква била покриеноста и промоцијата на „Телеком“ на нашиот најголем стадион, покрај тоа тие истакнуваат и дека не се почитувале одредени ставки во договорот, дознава Екипа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Да потсетиме, пред две години кога „Телеком“ склучуваше договор, тогашниот директор за иградба на станбен деловоен просотор, Цветко Грозданов, истакна дека овој потег е чекор напред кон светските и модерни трендови и ќе придонесе за нов модерен изглед на стадионот.

После ова стадионот на кој неодамна се одигра големиот спектакл во нашата дражава европскиот Суперкуп, ќе го врати старото име „Филип Втори“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…