Дефанзивецот на Арсенал, Давид Луиз може да си замине на крајот на сезоната како слободен агент, пренесуваат медиумите на Островот.
33-годишниот Бразилец има договор до крајот на сезоната, а нема сигнали од раководството на Арсенал за продолжување на истиот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Давид Луиз сака да остане во тимот од Лондон, сепак „топџиите“ сакаат да го намалат буџетот за плати и не е спремен да му понуди нов договор на Бразилецот.
Така, Луиз веќе започна да бара нов клуб, а се чини дека тој ќе ја продолжи кариерата во Бефика, клуб каде ја доживеа фудбалската афирмација.