Дома Фудбал Останато Неверојатна ситуација: Купиле играч со завидна кариера, но пристигнал – неговиот брат близнак!?

Неверојатна ситуација: Купиле играч со завидна кариера, но пристигнал – неговиот брат близнак!?

Хрватскиот тренер Жељко Копиќ во декември пристигна во Динамо од Букурешт за да го задржи овој тим во првата лига на Романија, а за потребите на таа цел го доведе и фудбалерот Едгар Је, барем во клубот мислеле дека го доведуваат него.

Имено, според романските медиуми, Жељко Копиќ во февруари го донел Едгар Је, искусниот 30-годишен дефанзивец од Гвинеја Бисао, кој настапувал за Барселона и Спортинг, а во Романија пристигнал од Башакшехир.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Освен овие екипи, тој играше и за Виљареал, Белененсес, Лил, Трабзонспор и Феенорд, но се чини дека Динамо на крајот не го добил тој фудбалер.

Имено, сега постојат сомнежи дека наместо него во клубот пристигнал Еделино Је, неговиот брат близнак, кој имал многу послаба кариера, а целиот „проблем“ настанал кога се покажало дека играч со таква кариера не зборува ниту еден јазик освен португалски. .

Освен тоа, познатиот романски новинар Емануел Росу побарал од лицето за кое се претпоставува дека е Едгар да му ја покаже возачката дозвола, но тој одбил.

За нештата да бидат уште поинтересни, Едгар Је или кој и да е заменет, оваа сезона забележа пет настапи за Динамо Букурешт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вака ќе изгледа топката на Светското првенство 2026 (Видео)

ФИФА официјално ја претстави топката со која ќе се игра на Светското првенство во 2026 год…