Дома Македонски спорт Maнасков после Веспрем продолжува во Романија?

Maнасков после Веспрем продолжува во Романија?

Романските медиуми пренесуваа дека Дејан Манасков кој ќе го напушти Веспрем кариерата ќе ја продолжи кај Чави Пасквал во Динамо Букурешт.

Манасков во Динамо би требало да биде едно трите засилувања заедно со Станислав Кашпарек и Али Зеин. Со нив Динамо ќе тргне по успех во Лигата на шампионите наредната сезона. Сезонава тимот на Пасквал ја одбрани титулата во првенството и си обезбеди место во елитата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од претходно Манасков најави дека ќе го напушти Веспрем. Во овој момент тој се опоравува од повредата на коленото и би требало да му помогне на унгарскиот тим во финишот од сезоната.

Во кариерата покрај Веспрем Манасков го носеше дресот уште на Металург, Вардар, Вецлар и Рајн Некар Левен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…