Дома Македонски спорт Дарко Велковски пронајде нов клуб

Дарко Велковски пронајде нов клуб

Македонскиот дефанзивец Дарко Велковски по неколку месеци во кои беше без клуб по заминувањето од саудискиот Ал Етифак во третиот ден од новата 2024 година пронајде нов ангажман и тоа во Романија.

Денеска Велковски беше пормовиран во нов фудбалер на Динамо Букурешт со кој потпиша договор до крајот на годината со можност соработката да биде продолжена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Велковски веднаш ќе патува за Анталија каде што романскиот прволигаш ќе ги одработи зимските подготовки. Во овој момент Динамо Букурешт е претпоследен тим на табелата во Романија со 16 бодови, седум помалку од Пол Јаши кој е првиот најблизок ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…