Репрезентативецот на Екваторска Гвинеја, Емилијано Нсуе на 34 години ја освои наградата за најдобар стрелец на Африканскиот Куп на Нации.
Капитенот на Екваторска Гвинеја стана првиот играч кој постигнал хет-трик на ова натпреварување уште од 2008 година. Хет-трикот го постигна против Гвинеја Басо во второто коло од групната фаза, а уште два гола постигна во големата победа на Брегот на Слоновата Коска која подоцна и го освои турнирот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Екваторска Гвинеја стигна до осминафиналето каде што Нсуе промаши пенал. Сепак, неговиоте пет гола никој не ги надмина до крајот на турнирот и заврши како прв стрелец пред Желсон Дала и Мостафа Мохамед кои постигнаа по четири.
Зад себе Нсуе има една неверојатна приказна која започнува во родната Мајорка. Тој ги помина сите младински селекции на Шпанија и ја одбил поканата од Екваторска Гвинеја во 2012 година чекајќи повик од Шпанија.
Откако не доби шанса во селекцијата на Шпанија прифати да игра за родната земја каде што е капитен и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата со 15 погодоци на 37 натпревари.
По периодот во Мајорка каде што играше од деството до 2014 година имаше позајмици во Кастелон и Реал Сосиедад. Подоцна се пресели во Англија каде што настапуваше за Миделсброу и Бирмингем Сити. Во 2018 година следуваше преселба на Кипар каде што играше за АПОЕЛ и Аполон.
Натапуваше во Европа и во 2022 година, а потоа се врати во неговата татковина во тимот на третолигашот Интерсити каде што и денес настапува.