Дома Топ вести Неверојатен трансфер: Оскар се сели во Кина за 62 милиони!

Неверојатен трансфер: Оскар се сели во Кина за 62 милиони!

Фудбалскиот клуб Шангај ќе го сруши кинескиот трансфер рекорд откако реши во јануарискиот преоден рок да го донесе Оскар и за неговите услуги на Челзи да му плати 62 милиони евра.


Битка за Британија, Иран на САД - 10 ден ↓↓↓



Челзи од трансферот на Оскар добро ќе профитира, бидејќи пред четири години за неговото доаѓање на „Стенфорд Бриџ“ плати 33 милиони евра.

Исто така „сините“ ќе го соборат и клупскиот трансфер рекорд, бидејќи најголема аквизиција на клубот досега беше трансферто на Фернандо Торес во 2011 година за 59 милиони фунти.

Рекорд во кинеската лига ќе собори и Шангај чии тренер е Португалецот Андре Виљас-Боаш. Оскар доаѓа за 62 милиони евра, што е за шест милиони евра повеќе од она што овој клуб му плати на Зенит за трансферот на Хулк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Потрес во Торино: Целата управа на Јувентус си даде оставка!

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Вистински бум ве…