Кошаркарите на Денвер како домаќини го совладаа Њујорк со резултат 113:110 во натпреварот од НБА лигата.
Српскиот центар на Нагетси Никола Јокиќ повторно блескаше остварувајќи нов „трипл-дабл“ оваа сезона, вкупно 22 до сега.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јокиќ реализираше 30 поени, 14 скокови и 11 асистенции, а поефикасен од него беше само Мајкл Портер Јуниор со 31 поен и осум скокови.
Србинот заедно со неверојатните додавања се истакна и со неверојатен кош.
При резултат 98:92 во последната четвртина од натпреварот Јокиќ го напаѓаше кошот, а во тоа се обиде да го спречи Хартенштајн.
Јокиќ во навидум безизлезна ситуација успеа да постигне кош по удар во кој топката прелета преку таблата.
NIKOLA JOKIC WITH A SHOT ONLY HE COULD MAKE #MileHighBasketball pic.twitter.com/t6WuyJ3HH9
— Jack (@retro_colorado) March 22, 2024