17-годишноот син на бразилската легенда Роналдињо, Жоао Мендеш де Асис Мореира би можел да потпише за Барселона.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, синот на Роналдињо од неодамна е на проба во каталонскиот гигант. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта наводно гледа голем потенцијал и можен првотимец во иднина.




Жоао Мендеш игра во нападот и има прволигашко искуство затоа што настапуваше за Крузеиро во Бразил.




Она што е интересно, тој подолго време се обидувал да го крие идентитетот затоа што не сакал да има предност во однос на другите поради неговиот татко.




Каков успех и дали ќе го има во Барселона ќе видиме во наредниот период.



