Дома Топ вести На половина сме од преодниот рок: Ова е најскапиот тим до овој момент

На половина сме од преодниот рок: Ова е најскапиот тим до овој момент

Tим вреден неверојатни 376 милиони евра.

Денес изминува половина од зимскиот преоден рок, во кој до сега видовме навистина неколку интересни трансфери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од најскапите трансфери до овој момент можеше да се направи тим во формација 4-3-3 кој вреди 376 милиони евра.

На голот е искусниот Франко Армани кој од колумбискиот Атлетико Национал премина во редовите на аргентинскиот гигант Ривер Плата. Иначе, барем до овој момент голманите не менуваа премногу клубови, па Армани беше најскап.

На левата бековска позиција е Гиљермо Арана кој за 11 милиони евра од Коринтијас премина во Севиља, Арана има само 20 години.

Во срцето на одбраната се наоѓаат Вирџил Ван Дијк и Мануел Аканџи. Ван Дијк за сума од 78 милиони евра премина од Саутемптон во Ливерпул со што стана најскапиот централен дефанзивец во историјата на фудбалот. Аканџи денес го официјализраше својот трансфер во Борусија Дортмунд за кого „милионерите“ платија 22 милиони евра.

Иако по природа е централен дефанзивец, Јери Мина кој е ново засилување на Барселона тој може да игра на десната бековска позиција, па ова место му припадна токму на него. Каталонците за неговите услуги платија 11.8 милиони евра.

Средниот ред започнува со Франсис Кокелан кој од Арсенал премина во Валенсија за сума од 14 милиони евра. Потоа следи Рос Баркли кој го засили Челзи, за 16.9 милиони евра. По Баркли тука Алекс Притчард кој за 12.3 милиони евра премина од Норвич го Хадерсфилд.

Нападот е посебна приказна и вреди огромни 208 милиони евра. Прво име секако е Фелипе Кутињо кој за 120 милиони (со бонуси 160)  евра премина во Барселона. На другата страна се наоѓа Ценк Тосун кој пристигна во Евертон за 22 милиони евра. Како класичен напаѓач е одличниот Диего Коста кој за сума од 66 милиони се врати во Атлетико Мадрид.

Во продолжение како формациски изгледа овој тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…