Дома Топ вести Ова се клубовите кои најмногу трошат во зимскиот преоден рок – доминираат Англичаните

Ова се клубовите кои најмногу трошат во зимскиот преоден рок – доминираат Англичаните

pulisic

Фудбалските клубови во зимските преодни рокови трошат значително помали суми во однос на летните.

Гледајќи го 21-век англиските клубови најмногу се истакнуваат со зимските трансфери. Посебно Челзи. Во последните 19 зимски преодни рокови, вклучувајќи го и актуелниот на трансфери „сините“ потрошиле рекордни 426.44 милиони евра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поголема сума тие издвојуваа за Фернандо Торес (58.5 милиони евра 2011 година), Хуан Квардадо (31 милион евра 2015 година), Немања Матиќ (25 милиони евра 2014 година) и Давид Луиз (25 милиони евра, 2011 година) и сега Пулишиќ (64 милиони евра)

Помалку во претходните години трошеа Манчестер Сити (310.66 милиони евра), Ливерпул (261.04 милиони евра) и Арсенал (246.47 милиони евра).

Потоа следуваат клубовите кои не се од англија Интер (213.15 милиони евра), Барселона (204.20 милиони евра), па уште еден англиски клуб, Тотенхем (194 милиони евра).

Кругот на најголеми трошаџии во зимскиот преоден рок го затвараат Волфсбург (176 милиони евра), Манчестер Јунајтед (173.87) милиони евра и Њукасл (173.85 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…