Пеп Гвардиола ова лето потроши огромна сума на засилување на одбраната, но на Шпанецот тоа не му е доволно…
Манчестер сити ова лето два пати го рушеше рекордот за најскап дефзнзивец, прво во клубот пристинга Кајл Вокер, а неодамна неговиот рекорд беше срушен со доведувањето на Бенџамин Менди за кого „граѓаните“ платија 57 милиони евра, но шпанскиот стратег најавува доведување на уште еден дефанзивец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Гвардиола призна дека нема уште многу голема сума на располагање за трошење, сепак до крајот на август доведувањето на централен дефанзивец ќе биде приоритет.
„Ако ни се укаже шанса ќе реагираме“, изјави Пеп, кој претходно истакна дека англискиот клуб не купувал бекови шест или седум години.
Но, ако нема доволно финансиски средства кој би можел да биде новиот дефанзивец, Ван Дајк ќе биде тешка мета бидејќи голем интерес за неговите услуги покажаа Челзи и Ливерпул.
Се споменуваат имињата на Холгар Бадштубер и Иниго Мартинез кој настапува за Реал Сосиедад.
Времето истекува, Гвардиола на располагање има нешто повеќе од еден месец, а останува да видиме дали повторно Шпанецот ќе успее да ја засили одбраната.