Дома Фудбал Италија На Несторовски и Палермо им се заканува стечај!

На Несторовски и Палермо им се заканува стечај!

Екипата на Палермо за која настапува нашиот Илија Несторовски би можела да заврши под стечај поради финансиски долгови.

Овој клуб сезоната ја заврши во хаос, испадна од Серија А, а претседателот Маурисио Зампарини и спортскиот директор Никола Салемо си поднесоа оставки.


Дерби до Дерби! Комплетен фудбалски викенд ↓↓↓


Според пишувањето на италијанските медиуми, обвинителството отвори истрага бидејќи кредиторите приложија жалба за неисполнување на обврските на клубот, а долгот наводно изнесува околу 120 милиони евра.

Покрај тоа дополнителен проблем за Палермо е што наредната сезона нема да настапува во Серија А, па така и ќе има значително намалување на приходите од ТВ правата.

Спасот е брза продажба на клубот, а она што дополнително ги загрижува луѓето во Палермо е што клубот сеуште не ги исполнил условите за натпреварување во Серија Б, а истите мораат да бидат исполнети до 30 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Славниот Клосе добива нова шанса како тренер?

Славниот германски напаѓач Мирослав Клосе кој важи и за еден од најдобрите голгетери во ис…