Милан има големи проблеми со повреди на дефанзивните фудбалери и сака што поскоро да донесе засилување за одбраната.




Откако стана јасно дека Кјаер ќе отсуствува до крајот на сезоната, синоќа се повреди и Томори, кој ќе мора да оди на операција.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека примарна цел на Милан е Глеисон Бремер од Торино. 24-годишниот Бразилец игра одлична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.




Торино не сака да го продава на средина од сезоната, но Малдини инсистира и веќе спремил понуда.
„Росонерите“ се спремни да понудат 25 милиони евра и во Торино да го испрати Пелегри на позајмица, па сега се чека одговор од „биковите“.