Дома Офсајд На идиличната семејна фотка од Роналдо фановите „се запнаа“ за еден друг детал

На идиличната семејна фотка од Роналдо фановите „се запнаа“ за еден друг детал

Кристиано Роналдо последниве денови е во целост посветен на семејниот живот, а неговата најнова објава на Инстаграм го потврдува тоа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Роналдо се фотографираше со едно од своите новородени близначиња, а друштво му правеше девојакта Георгина Родригез, за кој во последно време се шушка дека е бремена, а гласините дополнително ги зачинија и нејзините последни папарацо фотки од летувањето на кои се гледа изразеното стомаче.

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

И покрај семејната идила која се гледа на фотката, фановите на Роналдо (како што тоа секогаш бива) забележаа нешто што им го привлече вниманието од целата идилична сцена. Овој пат тие на Роналдо му запнаа за бојата на неговите стапала која, според нив, драстично се разликува од бојата на неговите нозе и тело. „Какви се тие стапала?“, „Огромна разлика во бојата“ и „Види ги тие стапала“ беа само некои од бројните коментари со кои фановите ја опсипаа фотката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…