Холандската фудбалска легенда Марко Ван Бастен на денешен го постигна еден од најубавите голови во историјата на фудбалот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред 31 година Ван Бастен постигна гол кој влезе во историјата не само на европските првенства туку и во историјата на фудбалот воопшто.
Поранешниот ас на Милан во финалето на Европското првенство против Советскиот сојуз постигна гол кој се анализираше и години подоцна.
Тогаш ја дочека топката на волеј и на „прва“ од еден тежок агол погоди во победата на Холандија од 2:0. Во тој натпревар покрај Ван Бастен гол постигна и Руд Гулит.