Дома Останати Тенис На Борис Бекер му се заканува седум години затвор

На Борис Бекер му се заканува седум години затвор

Денес започна судењето на германскиот легендарен тенисер во Лондон.

Бекер обвинет по 20 точки од обвинителството кое го терети Бекер дека се обидел да сокрие пари и други скапоцености меѓу кои се тениски трофеи и недвижности.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Наводно на поранешната сопруга Барбара и ќерката и предал пари и предмети кои ги успеал да ги сокрие. Еден дел според информациите бил скриен и во една компанија.

Трикратниот победник на Вимблдон ги отфрли сите обвинувања. На првото рочиште Бекер се изјасни дека не е виновен по ниту една точка. Одлуката ќе биде позната за три недели, а теоретски на Бекер му се заканува затвор и до седум години.

„Јас сум позитивна личност и секогаш верувам во добрите работи. Верувам и во британската правда“, изјави Бекер за „Билд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ со емотивна порака за Надал: За тебе ќе се учи со децении

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со емотивна порака се огласи по повод прензионирањето на Р…