Агентите на фудбалерот и претседателот на Гремио пристигнаа во Барселона за да го дефинираат трансферот на Артур, но тамошните медиуми пренесуваат дека најверојатно трансферот пропаднал.
Играчот за врска во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, но каталонскиот клуб не сака да ја плати таа сума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челниците на Гремио и понудија на Барселона веднаш да плати 40 милиони евра како обештетување, а преостанатите 10 милиони преку разни бонуси.
Меѓутоа, Барселона не сака да плати повеќе од 30 милиони евра за потписот на Бразилецот, па состанокот заврши без постигнат договор.
Сега Гремио ќе започне преговори со други клубови, иако се чинеше дека трансферот е веќе договорен и дека Артур сигурно ќе се пресели на „Камп Ноу“.
Според првичниот договор Артур требаше во јануари наредната година да пристигне во Барселона, но според последните информации трансферот пропаднал.