Дома Фудбал Италија Најплатениот тренер во светот е пред отказ!

Најплатениот тренер во светот е пред отказ!

Роберто Манчини кој е најплатениот тренер во светот е пред отказ во репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија во квалификациите за Светското првенство е на делба на второто место заедно со Австралија и Бахреин со по пет бодови, додека лидер во групата е Јапонија со десет и таа изгледа како недостижна во овој момент.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Манчини поради таквите настапи добива критики од медиумите и влезе во конфликт со нив. На Италијанецот не му оди во прилог тоа што има само една победа на последните четири натпревари и во јавноста се погласни се најавите за негов отказ.

Како можни наследници на Манчини се споменуваат Рамон Дијаз и францускиот стратег Ерв Ренар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Играчите на Ливерпул збеснаа – дали се оштетени за пенал против Реал?

ФУДБАЛЕРИТЕ на Ливерпул го совладаа Реал Мадрид со 1:0 на Енфилд, а единствениот гол на на…