
Досегашниот фудбалер на Вест Хем, Крисенсио Самервил, потпиша денеска четиригодишен договор со саудискиот Ал Хилал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите кои ги пренесе “Скај”, клубот од Саудиска Арабија ќе плати почетно 55 милиони фунти со дополнителни пет милиони можност за бонуси.
Овој трансфер е трет по големина во историјата на лондонскиот клуб, по заминувањето на Деклан Рајс во Арсенал и Матеус Фернандеш во Тотенхем.
Самервил ќе игра во Ал Хилал под водство на Симоне Инзаги, заедно со Карим Бензема, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Тео Ернандес, Рубен Невеш…
Рома, исто така, пројави интерес за 24-годишниот холандски крилен нападател, но нивната понуда од 39 милиони фунти беше одбиена.
И Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за Самервил, но не можеше да ги продолжи преговорите поради нерешеното прашање за продажба на Маркус Рашфорд.
Вест Хем оваа сезона ќе игра во Чемпионшип, но благодарение на двата големи трансфера ова лето, Самервил и Фернандеш, клубот ќе заработи над 150 милиони фунти.
Минатата сезона, Самервил одигра 34 натпревари за Вест Хем, постигна седум голови и имаше пет асистенции.
Тој исто така играше на сите четири натпревари за холандската репрезентација на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, постигнувајќи два гола и две асистенции. Се очекуваше да продолжи во врвниот европски фудбал, но парите од Блискиот исток беа помоќни, и тој одлучи да прифати астрономска плата таму.