Дома Фудбал Шкендија добила намалување на казната за скандалот во купот!

Шкендија добила намалување на казната за скандалот во купот!

Фудбалерите на Шкендија првите два натпревари од сезоната како домаќин ќе ги игра во Скопје на тренинг-центарот Петар Милошевски.

Поради реконструкцијата на стадионот во Тетово, Шкендија за домашен терен го пријави стадионот во Гостивар, меѓутоа овие два дуели ќе се играат во Скопје поради казната изречена во финалето во Купот минатата сезона.

Шкендија тогаш беше казнета со четири натпревари без присуство на публика, но по жалбата казната се намали на две.

Па така поради подобрата тревна подлога во Тетово одлучиле дуелите да се играат во Аеродром.

Сезоната Шкендија ја отвора против Скопје в недела од 19:00 часот, а вториот натпревар кој ќе го играат на овие терени ќе биде средбата од третото коло на 15 август против Брегалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер му ја даде најубавата ноќ во кариерата, а сега му доаѓа во Мадрид: Мурињо ги исклучи емоциите!

Ждрепката за Лигата на шампиони се погрижи за еден од најемотивните натпревари во кариерат…