
Ефикасно почна новата сезона во Првата фудбалска лига откако Тиквеш со 5-1 ја совлада екипата на Арсими.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Резултатот беше отворен по 18 минути игра кога Нигериецот Лавал го постигна првиот гол сезонава, а веќе девет минути подоцна Сила се погрижи за 2-0. Арсими кратко се врати во игра преку Рамадани во 33-тата минута кога намали на 2-1.
Сепак три минути минути подоцна Лавал одново стрелаше за нови два гола предност за домаќините. Пред крајот на првиот дел вториот погодок на дуелот го постигна и Сила за 4-1.
Второто полувреме не донесе некоја поголема промена, Тиквеш сигурно ја чуваше предноста, а Сила комплетираше хет-трик за конечни 5-1.