Дома Останати Тенис Најголемиот успех во кариерата: Свитолина ќе игра во полуфиналето на Вимблдон

Најголемиот успех во кариерата: Свитолина ќе игра во полуфиналето на Вимблдон

0

Украинката Елина Свитолина со пласманот во полуфиналето на Вимблдон го оствари најголемиот успех во кариерата.

Осмата тенисерка во светот во четвртфиналето славеше против изненадувањето на турнирот Чехинката Каролина Мухова со 7:5 и 6:4 за нешто повеќе час ипол игра.

Свитолина до овогодинешното издание на Вимблдон четири пати го завршуваше настапит во осминафиналето, а претходно најдобар резултат и беше пласманот во четвртото коло во 2017 година.

Украинката во четврток во полуфиналето ќе игра против Симона Халеп која денес ја победи кинеската тенисерка Шуаи Женг.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пораката од Марадона која го расплака Федерер (ВИДЕО)

Роџер Федерер и Александар Зверев одиграа меч во Буенос Аирес, кој германскиот тенисер го …