Дома Фудбал Англија Најбогатиот Британец потврди дека сака да го купи Манчестер Јунајтед

Најбогатиот Британец потврди дека сака да го купи Манчестер Јунајтед

Милијардерот Џим Ратклиф, кој е познат како најбогатиот Британец е првиот кандидат за купување на акциите на Манчестер Јунајтед.

Денес неговата компанија „Ineos“ официјално за „Тајмс“ потврди дека покажува интерес и го започнале процесот за купување на акции од Манчестер Јунајтед.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Семејството Глејзер, кое е сопственик на Манчестер Јунајтед последните 17 години во ноември потврди дека клубот е на продажба. На почетокот на февруари сите кандидати треба да ги достават понудите, а се тврди дека сопствените бараат 5 милијарди фунти.

70-годишниот Ратклиф е фан на Манчестер Јунајтед од дете, а беше и еден од кандидатите за да го купи Челзи, но не успеа да ја подобри понудата од Тод Боели, кој за клубот од „Стенфорд Бриџ“ плати 4,25 милијарди фунти.

Неговата компанија веќе е сопственик на два клуба, француска Ница и швајцарскиот Лозана Спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луис Дијас: Имав разговори со Барселона, но сум среќен што го одбрав Баерн

Луис Дијас го коментираше својот избор летово да се одлучи за Баерн Минхен наместо за друг…