Дома Македонски спорт Мак фудбал Најава и анализа: Македонија – Азербејџан

Најава и анализа: Македонија – Азербејџан

Македонија по само неколку дена ќе одигра втор пријателски натпревар на подготовките во Анталија. По ремито 0:0 со Финска, сега на ред е дуел со Азербејџан кој ни е стар познаник, но и редовен “пациент”.

Успешната серија трае и трае

Одличната мината година за нашата репрезентација продолжи пред неколку дена со ремито против Финска 0:0. Македонија во 2017 година играше одлично. Серијата која ја има македонската репрезентација е една од најубавите во историјата, 11 меча во кои забележа 5 победи, 5 нерешени средби и само еден пораз и тоа од моќната Шпанија. Освен со Шпанија, Македонија беше аутсајдер и на останатите натпревари освен на првиот и предпоследниот меч против Лихтенштајн против кого на два пати славеше. По првиот меч со Лихтеншатјн следеа два пријателски меча и две одлични изданија, победа над Белорусија со 3:0 и реми со Турција ( двата меча се одиграа во Скопје ). По тие пријателски мечеви дојде и поразот од Шпанија со 1:2. На ред дојде Израел и победата во Тел Авив со 0:1, како и ремито против Албанија во Струмица 1:1. Следуваше наградата за одличната година, односно ремито и бодот во Торино кај гигантот Италија. Минатата година ја заокруживме со одлична победа од 2:0 против Норвешка во пријателски меч во Скопје. Годинава пак ја почнавме пред неколку дена со резултат 0:0 против Финска во Анталија.

Пред неколку дена Македонија одигра ниту добро, ниту лошо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија против Финска не одигра слабо, но не одигра ни добро. Само една 100% шанса имаше Македонија во текот на сите 90 минути. Ако ги погледнеме шансите на Финска која имаше исто така една шанса и една полушанса, тогаш нерешениот резултат е реален. Сепак Ангеловски не смее да се надева дека со таква игра Македонија може да напредува. Средниот ред и одбраната функционираа добро, но нападот беше очаен. Едноставно, македонските напаѓачи како да не постоеја на теренот. Средниот ред играше бес грешка, го имаше посетот на топката и го диктираше темпото и тоа е добро, но мора да се има последен пас, затоа што така се создаваат шанси за гол.

Горан Пандев

Азербејџан е стандарден “пациент” на Македонија

Македонија и Азербејџан досега имаат одигро 5 натпревари. Македонија нема пораз против оваа репрезентација, а има 4 победи и едно реми. Во квалификациите за пласман на Светското Првенство во 2002 година Македонија дома славеше со 3:0, а на гости одигра 1:1. Потоа следеа три пријателски натпревари и три победи за Македонија. Прво на гости славевме со 1:3 во 2010 година. Потоа со голот на Пандев во 2011 година славевме со 0:1. Последен пат против Азербејџан игравме во Мај 2016 година на дебито на Посинечки за Азербејџан и победивме со 3:1. И тогаш селектор на Македонија беше Игор Ангеловски, а головите за Македонија ги постигнаа Радевски, Пандев и Несторовски кои и сега се во репрезентацијата.

Целосната анализа прочитајте ја на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…