Денес на програмата се четири натпревари од осминафиналето на Евробаскетот
Словенија – Украина
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Избраниците на Игор Кококшков заедно Шпанија покажаа најмногу во групната фаза. Горан Драгиќ беше најдобриот стрелец во групната фаза, Лука Дончиќ воодушеви со својата стабилност и кошаркарска ителегенција за годините кои ги има. Резервистите одлично ја одработуваат задачата кога ќе добијат прилика, на кратко се функционира како што треба. Дури можеме да кажеме и дека има простор за подобрување бидејќи Ентони Рендолф сеуште не одиграл ниту блиску до она што се очекува. Се на се, Кокошков може да биде задоволен од она што до овој момент го прикажа Словенија. Но, исто така мора да биде и внимателен бидејќи ова не би било прв пат Словенците да одиграат перфектно во на стартот а потоа кога следуваат најважните натпревари да потфрлат.
Веројатно покрај историското полуфинале на нашата репрезентација кога за пласманот во истото славеше над Литванија во Каунас, Украина оваа година е една од најголемите сензации во последниот век на европските првенства. Селекторот Јевген Мурзин на турнирот пристигна без комплетната стартна петорка. Сите очекуваа целосен дебакл, но Украинеците покажаа фантастични настапи.
Германија – Франција
Ова е дербито на денешниот ден. Иако обложувалниците повеќе шанси им даваат на „триколорите“, избраниците на Венсен Коле покажаа многу помалку од Германците во досегашниот дел од турнирот. Денист Шрудер покрај Горан Драгиќ се покажа како најдоминантен играч во групната фаза од натпреварувањето, но покрај него и останатокот од репрезентацијата се покажа во одлично светло. Иако потфрлија во последното коло против Литванија тоа не го менува добриот впечаток кој го остави оваа репрезентација.
Французите се далеку од нивната најдобра форма, а убедливиот пораз од Словенија во последното коло од групната фаза ја загржи јавноста во оваа држава. На сето тоа, Франција со евентуална победа денес во четвртфиналето најверојатно би играле против Шпанија, па така амбициите за медал во овој момент не изгледаат баш реално. Под кошот Французите би требало да бидат доминантни во однос на Германците, Борис Дијао без поголеми проблеми би го чувал Војтман и останатите центри кога би се извлекувале надвор од линијата 6.75, но останува да се види како ќе се реши протокот на топката и магијата со себе која ја носи плејмејкер Атланта Хокс. Доколку би морале да бираме помеѓу овие две репрезентации, Германија е поблиску до пласманот во четвртфиналето.
Финска – Италија
Најпријатното изненадување секако заедно со Украина во групната фаза е репрезентацијата на Финска. За добриот настап на Финците секако се заслужни и домашните навивачи во Хелсинки, но кога ќе ги победите Франција, Грција и Полска во период од четири дена, тоа никако не може да биде случајност. Оваа селекцијата веќе долго време игра заедно, се натпреваруваа на претходните три европски првенства, а сега тука и Лаури Марканен, идната НБА ѕвезда и еден од најдобрите во досегашниот дел од турнирот.
Од друга страна, Италија игра доста промениливо. После стартните победи против Израел и Украина, избраниците на Еторе Месин изгубија од Литванија и Германија, а потоа во трилер финиш успеаа да ја победат репрезентацијата на Грузија. Впечатокот е дека играта не е поврзана во нападот се зависи од Марко Белини и Џиџи Датоме и нивните идеални креации. Меѓутоа во завршните натпревари топката често во рацете ја имаше Ариел Филој.Може да се каже дека плејмејкерот на Авелина во тие ситуации ги носеше најрационални одлуки. Нема сомневање дека Еторе Месин е голем стручњак, но „Наѕурите“ мораат да одиграат далеку подобро да ја совладаа Финска.
Литванија – Грција
Литванија зад себе има групна фаза каде што после поразот од Грузија запишаа релативно лесни победи и така се изборија за прво место во групата Б. Меѓутоа, сега нема простор за кикс. Противникот во осминафиналето е прилично незгоден бидејќи по досега прикажаното Литванија е апсолутен фаворит, а кога сте во таква ситуација против репрезентацијата за која настапуваат некои од најдобрите европски кошаркари на своите позиции, тогаш е јасно дека лош ден и пораз би значел дебакл во очите на локалната јавност. Јонас Валанчиунас сеуште не ја игра својата најдобра кошарка, Јонас Мачиулис исто така не го прикажал најдоброто, па од таа страна простор за напредок сеуште има.
Грција е најголемото разочарување во досегашниот тек од турнирот. Избраниците Костас Мисас покажаа многу малку на турнирот, а за нив елиминациона фаза започна пред сите останати, со оглед дека против Полска играа за директен пласман помеѓу најдобрите 16 селекции. Успеаа Грците да победат со тоа што одиграа одлично во последната четвртина и сега останува да се види дали ќе успеаат да ја задржат таа игра. Познато е дека Грција токму кога сите ја отпишувале знаела да се издигне како феникс, но повќе ги нема Дијамтидис, Спанулис и Јадис Адетокунбо. Меѓутоа дека има искуство во оваа репрезентација, има и тоа е јасно.