Дома Македонски спорт Мак баскет Oбјавен распоредот на кошаркарките во квалификациите за Евробаскетот во 2023

Oбјавен распоредот на кошаркарките во квалификациите за Евробаскетот во 2023

Нов квалификациски циклус е пред женската сениорска репрезентација на Македонија. Веќе од 11. ноември, стартуваат новите предизвици за нашиот најдобар женски сениорски состав. Како дел од групата „А“ во која се уште националните селекции на Германија, Белгија и Босна и Херцеговина.

А неколку дена по ждрепката, ФИБА го објави и официјалниот распоред на натпреварите во квалификациите за Евробаскетот 2023.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новиот обид за покачување на националниот рејтинг во женскиот сегмент, нашите девојки ќе го стартуваат на 11. ноември, за кога ФИБА го предвиде првиот од трите планирани „прозорци“.

Во тој ноемврискиот, три дена подоцна, на 14. ноември, Македонија ќе ја пречека селекцијата на Босна и Херцеговина.

Вториот „прозорец“ ФИБА го предвиде за ноември, но во 2022 година. Тука следуваат натпреварите против селекциите на Белгија, на 24. ноември (на гостински терен) и на 27. ноември, кога ја дочекуваме Германија.

Последниот квалификациски дел пак ќе биде во февруари, 2023 година.

Во периодот од 9 до 12. февруари, нашата женска селекција ќе игра со БиХ, (како гостин), и против Белгија, на 12. февруари, кога ќе го затвориме овој квалификациски циклус за пласман на Европското првенство во 2023 година каде во улога на домаќини се Израел и Словенија.

Согласно со системот за натпреварување, квалификациите ќе се играат во десет натпреварувачки групи. Осум од нив бројат по четири, а две по три селекции.

Првопласираните десет, плус уште четири национални репрезентации кои ќе имаат најдобар резултат помеѓу второпласираните, ќе обезбедат пласман на наредниот Евробаскет.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2023

11. НОЕМВРИ, 2021: Германија – МАКЕДОНИЈА

14. НОЕМВРИ, 2021: МАКЕДОНИЈА – БиХ

24. НОЕМВРИ, 2022: Белгија – МАКЕДОНИЈА

27. НОЕМВРИ, 2022: МАКЕДОНИЈА – Германија

9.ФЕВРУАРИ, 2023: БиХ – МАКЕДОНИЈА

12.ФЕВРУАРИ, 2023: МАКЕДОНИЈА – Белгија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…