Македонската репрезентација до 18 години ја помина групната фаза со три победи, а од вечерва со натпреварот против Шведска стартуваат натпреварите од главната фаза.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Почнувајќи од вечерашниот натпревар сите останати ќе се пренесуваат на Македонската радиотелевизија. Натпреварите ќе одат директно на спортскиот канал МРТ-3. Така ќе биде и со дуелот во петок кој се игра во истиот термин од 20:30 часот.




Потоа без разлика дали Македонија ќе се пласира во четвртфиналето ќе има уште натпревари затоа што ќе се разигрува и за пласман од 9-то до 16-то место.




Во досегашните три натпревари Македонија го победи Сенегал со 32:13, Узбекстиан со 39:30 и Иран со 31-19. Во главната фаза со пласманот на Иран пренесуваме два бода. Сега во главната фаза сме во група со Шведска и Исланд и од тука првата и втората репрезентација одат во четвртфиналето.