Дома Фудбал Останато Насри се враќа во Премиер лигата, но под еден услов

Насри се враќа во Премиер лигата, но под еден услов

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Манчестер Сити, Самир Насри се наоѓа пред враќање во најелитниот ранг на англискиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, офанзивниот играч за врска тренира со екипата на Вест Хем и ако му докаже на тренерот Мануал Пелегрини дека физички е во состојба да се натпреварува на највисоко ниво, ќе добие договор од Вест Хем.

Потсетуваме, Насри во фудбалот е враќа по година дена, последниот натпревар го одигра во ноември минатата година за турскиот Анталијаспор, а потоа доби суспензија поради користење на забранети супстанци од 18 месеци забрана за играње фудбал.

Беше помилуван по 12 месеци казна, па во декември би можел повторно да заигра, но прво треба да му докаже на Пелегрини дека е способен да и помогне на неговата екипа во продолжението од сезоната.

Тој активно тренира со Вест Хем, а доколку тие бидат задоволни, ќе добие договор од 80,000 фунти неделно, до крајот на тековната сезона. Искусниот Пелегрни добро го познава Насри, кои заедно во 2014. година ја освоија Премиер лигата со Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Претседателот на ФИФА по натпреварот влезе во соблекувалната на Иран и одржа говор – еве што кажа!

Натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло од групата Г на Светското првенство доне…