Јувентус синоќа гостуваше кај Кротоне и освои само бод (1:1).
Старата дама без Кристијано Роналдо не успеа да слави на ова наизглед лесно гостување. Гостите имаа и играч помалку, а ВАР му поништи погодок на Мората кој се наоѓаше во милиметарски офсајд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Очигледно е дека на актуелниот првак му е тешко без Роналдо, а останатите играчи на Јувентус можеби имаа и дополнителна пречка бидејќи покрај теренот беше секогаш насмеаната и атрактивна Дилета Леота.
Новинарката повторно го привлече вниманието на играчите со своето издание, но и на сите актери на натпреварот. Најмногу “профитираше“ директорот на Јувентус, Паратичи, кој имаше прилика да разговара со Леота пред почетокот на натпреварот. Сигурно дека уживал во тие неколку минути…