Дома Топ вести Наполи потврди: Осимен заминува!

Наполи потврди: Осимен заминува!

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис потврди дека Виктор Осимен на крајот од сезоната ќе го промени клубот.

Според изјавата на Де Лаурентис Осимен не размислува за богатите понуди од Саудиска Арабија и ќе остане во Европа.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Од минатото лето знаеме дека Осимен ќе замине, инаку преговорите за нов договор нема да беа така лесни. Ќе биде тоа Реал Мадрид, ПСЖ или некој клуб од Премиер лигата“, најави Де Лаурентис.

Во редовите на Наполи, Осимен пристигна во 2020 година за сума од 70 милиони евра и во минатата сезона беше еден од најзаслужните за титулата со 26 постигнати гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Страв и трепет: Познат составот на Американците за Олимписките игри во Париз

Голем дел од медиумите во САД веќе го објавуваат тимот со кој Американците ќе играат на Ол…