Дома Трансфер зона Наполи има алтернатива за Икарди, но Шпанците бараат 70 милиони евра

Наполи има алтернатива за Икарди, но Шпанците бараат 70 милиони евра

0

Наполи преговара со Реал Мадрид за доведување на Хамес Родригез, но тоа не е единствениот играч кој италијанскиот клуб сака да го доведе.

Имено, италијанските медиуми пишуваат дека играчот на Валенсија, Родриго е на мета на овој клуб и тој е алтернатива за Мауро Икарди.

Икарди во последните денови се поврзува со Наполитанците, но според информациите Јувентус е во многу подобра позиција.

Според информациите на „Скај Спорт“ Наполи веќе воспоствал контакти со Валенсија за да се обиде да постигне договор.

Наводно Наполи веќе понудил 30 милиони евра, додека Валенсија сака да добие 70 милиони евра, па сигурно дека следат напорни преговори.

28 годишниот Родриго во 2015 година пристигна од Бенфика за 30 милиони евра. Минатата сезона тој одигра 51 натпревар, постигна 15 голови и запиша 10 асистенции.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рабио само што пристигна во Јувентус, а веќе размислува за заминување

Францускиот фудбалер, Адриен Рабио ова лето потпиша за Јувентус каде што пристигна како сл…