Дома Останати Надал се враќа на Мастерсот во Париз

Надал се враќа на Мастерсот во Париз

Првиот светски рекет Рафаел Надал става крај на паузата и ќе се врати на терените на Мастерсот во Париз, пренесува еминентниот „Екип“.

Шпанецот е надвор од тениските терени уште од полуфиналето на УС Опен кога се здоби со повреда на коленото, но „Екип“ објави дека шпанскиот тенисер ќе игра во француската престолнина.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во случај Надал да се појави на последниот турнир од Серијата 1000 за оваа сезона, ќе има шанса да го брани првото место на АТП ранг листата кое е сериозно нападнато од Србинот Новак Ѓоковиќ кој заостанува само 215 бода.

Мастерсот во Париз ќе се игра од 29 октомври до 4 ноември, а се очекува наскоро Надал и официјално да го потврди учеството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ ќе добие 13,5 милиони евра од Нетфликс за снимање документарец!?

Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ пла…