Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во првото коло од Австралија Опен со 3:0 во сетови стигна до лесна победа против Ласлo Ѓере од Србија.
Надал ја оправда фавритската улога и без поголеми проблеми успеа да дојде до победа и на тој начин да се палсира во второто коло. Шпанецот првиот сет го доби со 6:3 и тој траеше 36 минути. Ѓере најсилниот отпор го пружи во вториот сет кога даде се од себе да израмни на 1:1, но не успеа во тоа. Надал после 49 минути игра поведе со 2:0 бидејќи вториот сет го доби со 6:4.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште тогаш беше јасно дека Надал е со една нога во второто коло. Брзо беше решен и третиот сет (6:1).
Во второто коло Надал ќе игра против подобриот од дуелот Виктор Троицки и Мајкл Мо.