Полскиот напаѓач Роберт Левандовски се соочи со мала непријатност на својот старт во Барселона.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, тој бил ограбен од навивачите пред тренинг центарот. Левандовски застанал да се фотографира со фановите, а еден од присутните ја искористил таа ситуација да го ограби напаѓачот.




Каталонските медиуми пренесуваат дека Левандовски така останал без својот луксузен часовник вреден околу 70.000 евра.




И тука не завршило се, двајца други навивачи се обиделе да му го земат мобилниот телефон, но Левандовски успеал да се одбрани и да ги задржи. Полицијата интервенирала и ги пронашла лицата кои сакале да му го украдат телефонот, меѓутоа човекот со часовникот не е пронајден.