Дома Фудбал Италија Навивачите на Милан ги нападнаа играчите и тренерот: Засрамете се сите!

Навивачите на Милан ги нападнаа играчите и тренерот: Засрамете се сите!

Милан синоќа го загуби градското дерби од Интер со гол во последната минута, а денес навивачите излегоа со официјално соопштение.

Имено, најверните фанови или популарната „Курва Суд“ не е разочарана од поразот, туку од начинот на кој „росонерите“ играа на дербито.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тие преку соопштение ги искритикуваа фудбалерите, тренерот Гатузо и раководството.

„Дербито треба да се игра, да се бориш, да плукаш крв, да дадеш се од себе, а после може и да се изгуби. Вчера вие не направивте ништо! Засрамете се сите, вие кои излегувате на терен, тој кој ве праќа на терен и луѓето од раководството кои дозволуваат да играте на ваков начин. За ваква игра нема извинувања. Може да се загуби, но треба да се гине на теренот. Немате респект за милионите навивачи кои не спијат пред дербито и за нас кои стануваме од 4 часот наутро за да наместиме кореографија и 90 минути ве бодриме на терен. Бидејќи тие што го сакаат Милан се со него секогаш и покрај се“, стои во соопштението на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Mилевски избра: Со офанзивна формација оди по три бода против Лихтенштајн! (Фото)

Maкедонската фудбалска репрезентација денеска од 18:00 часот го игра натпреварот против Ли…