Дома Луд Спорт Навивачите на Ајакс го расплакаа целиот свет!

Навивачите на Ајакс го расплакаа целиот свет!

0

Абделхак Нури (20) беше голем талет на Ајакс кој оваа сезона требаше да стане првотимец. За жал, тоа никогаш нема да се случи.

Бидејќи Апи, како што сите го нарекуваат, пред недела дена колабираше на теренот за време на подготвителниот натпревар против Вердер Бремен во Австрија, откако беше пренесен со хеликоптер во болницата во Инсбрук.

Колабираше поради срцева аритмија, а на прегледите беше утврдено дека претрпел сериозна и трајна повреда на мозокот. Поради недостакот на кислород, клучниот орган му е неповторливо повреден и никогаш нема да може да се опорави, а камоли да игра врвен фудбал откако минатата сезона го направи своето деби за првиот тим.

 


Навивачите на Ајакс веднаш се ставија на располагање на семеството на Нури и рекоа дека ќе соберат помош за Апи.

Но, неговите тажни родители дополнително се изненадија кога толпата на луѓе се појави пред една зграда во Амстердам, каде што живее Нури, и тоа токму кога мајката и таткото на Апи се враќаа од болницата.

 

Родителите на Апи се расплакаа и им се заблагодарија на навивачите на Ајакс, ги прегрнаа и бакнаа, а таткото излезе од автомобилот кој едвај се проби низ топлата и се обиде да контактира со нив, но го совладаа емоциите додека луѓето околку него палеа бакљи и го извикуваа името на неговиот син.

 

Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Луд Спорт

Проверете

ФОТО: Ана Ивановиќ ја објави фотографијата која долго ја чекавме

Поранешната српска тенисерка и првата тенисерка на ВТА листата, Ана Ивановиќ објави фотогр…