Дома Фудбал Останато Мурињо ја одби понудата на Бенфика!

Мурињо ја одби понудата на Бенфика!

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо веќе неколку недели е без ангажман откако доби отказво Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ одлучија после лошите резултати да му се заблагодарат на Мурињо за соработката. Меѓутоа, тешко е да се очекува Мурињо подолго време да остане без работа и не е тајна дека веќе има неколку понуди.

Според шпанскиот весник „АС“, раководството на Бенфика сака да го види Мурињо како главен тренер по отпуштањето на Руи Виториа.

Сепак, таа желба нема да им се исполни, затоа што „Специјалниот“ ја одбил понудата на лисабонскиот клуб. Не е јасно дали Мурињо ја одбил понудата поради финансиски причини, или од спортски аспект.

Веројатно Португалецот ќе почека до лето, па тогаш ќе избере некоја од понудите кои сигурно ќе пристигнат на негова адреса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На 18 години Јамал го надмина Кристијанo по титули во Шпанија со неговите девет сезони во Реал Мадрид.

Ламин Јамал стана шампион на Шпанија по трет пат во својата кариера. Синоќа, 18-годишниот …