Дома Фудбал Англија Мурињо суров: Го вратив Швајни за да потполни број на трениг!

Мурињо суров: Го вратив Швајни за да потполни број на трениг!

Само два дена откако го врати во првиот тим, Мурињо повторно го „понижи“ Швајнштајгер изјавувајќи дека го вратил само за да потполни број на тренингот.


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



Мурињо истакна дека го вратил Швајни во тимот од човечки аспект и дека му биле потребни повеќе фудбалери за да го одработи тренингот.

Швајнштајгер се врати. Минатиот четврток ја донесовме одлуката. Во петокот му се јавивме и му кажавме дека во понеделник треба да дојде на тренинг. Бастијан се однесуваше професионално, работеше напорно секој ден со фитнес тренерот, па мислам дека е човечки и професионално да го вратиме во тимот“, изјави Мурињо и додаде дека тоа не значи дека Германецот ќе дибие шанса на терен.

„Одлуката за негово враќање беше донесена поради тоа што се наоѓаме во дел до сезоната во кој е тешко да ги соберете сите играчи на тренинг. Тактичката работа на која инсистирам бара најмалку 21, а најмногу 23 фудбалери. Тоа не е возможно ден после натпревар, бидејќи тие кои играле тренираат одвоено од групата, па имам на располагање 13 или 14. Кога ќе ги одземете повредените, тоа се 10 или 11“.

„Затоа често викаме фудбалери од младинците за да имаме доволен број на играчи на тренинг. Така правиме секогаш. Токму поради тоа одлучивме да го повикаме Бастиан. Така ќе биде подобро подготвен доколку одлучи да замине во јануари“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пулишиќ ја однесе Америка во осминафинале

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Англија и САД се…