Како што пренесуваат англиските медиуми, дури 10 фудбалери на Манчестер Јунајтед се на излезните врати на клубот и Мурињо ќе се обиде да ги продаде во текот на јануарскиот преоден рок.
Мемфис Депај, Морган Шнајдерлин, Матео Дармијан, Маркос Рохо, Ешли Јанг и Сем Џонстон се фудбалери за кои Мурињо дал зелено светло за продажба, а токму за овие фудбалери постои и најголема заинтересираност.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, повеќето од овие фудбалери веќе оствариле контакт со други клубови, па Манчестер Јунајтед сака да заработи од нивната продажба.
Притоа сигурно е дека клубот ќе го напушти Бастијан Швајнштајгер кој што воопшто е во плановите на Мурињо, но Германецот сигурно ќе замине без обештетување.
Не е исклучена можноста „Олд Трафорд“ да го напушти и некој од Дејли Блинд, Маруан Фелаини и Ентони Марсијал, доколку пристигнат задоволувачки понуди од некој клуб.