Дома Фудбал Останато Мурињо потсетува: Кога стигнав во Реал клубот се плашеше од Лион

Мурињо потсетува: Кога стигнав во Реал клубот се плашеше од Лион

0

Жозе Мурињо во 2013 година на грд начин го напушти Реал Мадрид.

Португалецот пристигна во клубот од „Сантијаго Бернабеу“ во 2010 година кога во овој клуб работите не изгледаа баш најдобро, а поранешниот тренер на Реал потсети дека имал важна улога во успесите на овој клуб кои следеа послеа тоа.

„Мислам дека за седум или усм години не стигнаа до четвртфиналето. Не играа ниту во полуфинале или четвртфинале. Во мојата прва сезона се плашевме од Лион, клубот беше исплашен. Не можев да сфатам како клуб како Реал може да се плаши од Лион кој беше добар тим, но сепак тоа беше Лион“.

„Во сезоната 2011/2012 испаднавме во полуфиналето на пенал со Кака, Рамос и Кристиано Роналдо кои беа одлични изведувачи на пенали, но тогаш промашија. Во Примера освоивме 100 бодови и во Лигата на шампионите испаднавме во полуфиналето“, потсети Мурињо.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сакаше ли Нејмар да испрати некаква порака со цитатот од Боб Марли? (ФОТО)

Фудбалскиот свет го чека расплетот околу Нејмар и оваа сапуница сигурно ќе биде актуелна д…